СДСМ: Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае

Сподели

Поднесувајќи неосновани кривични пријави кои немаат никаков основ ниту пак цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се уште останува заглавена во матрицата на минатата и времето кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави.

Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае.

Вистинското прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

Кривични дела се криминалите, газењето на човековите права и договорените провизии на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано 11 години години наназад. Поттикнувањето повисоки плати за сите работници, е одговорност на секој премиер и владата што ја предводи.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати и пензии, за сите граѓани на Македонија. да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. И тоа нема да го спречат неоснованите пријави на ВМРО-ДПМНЕ

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќната демократска алатка, гласот на граѓаните е конечен, а почитувањето на нивната волја е задолжтелно за сите.