Вести Македонија

СДСМ: Ниту една саботажа на структури од ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокрие фактот дека нивното владеење е најмрачниот период за новинарството

Сподели:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата за чие што владеење се апсеа и затвораа новинари, намерно се уништуваа медиуми, а Македонија беше меѓу последните држави во Европа по медиумски слободи, денес како опозиција, лицемерно обвинува за наводна цензура и притисок врз медиумите.

Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше време на притисоци, заплашувања, апсења и затворањa на новинари и медиуми и е најмрачниот период за новинарството во Македонија.

Обидот за саботажа од страна на поединци во Владата, е само очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат да прикаже наводна грижа за граѓаните, додека за време на 11 годишното владеење правеше притисоци, уцени и закани кон новинарите, а преку своите медиуми создаваше атмосфера на линч кон критичките новинари и медиуми.

Ниту една саботажа на структури од ВМРО-ДПМНЕ, ниту една конструкција, ниту една лицемерна загриженост за медиумите, не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше пропаганда и хајка против неистомислениците, грубо погазувајќи ги демократските принципи. СДСМ и новата Влада не отстапуваат од декларираниот принцип на отчетност, отвореност, одговорност и транспарентност, како врвни демократски вредности, што за ВМРО-ДПМНЕ остануваат непозната категорија.

Сподели: