СДСМ: Сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза коишто ги промовира.

Скандалозна е намерата на опозициската партија да ги вовлекува собраниските служби во своите ситни политикантски игри на манипулации и лажни вести.

Според јавно достапните информации објавени во медиумите, собраниските служби веќе потврдиле дека сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени. Сите конструкции на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода.

Со овој очаен потег, јасно се чита намерата на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикива изгубената доверба кај граѓаните со постојано измислување лажни вести.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласнот со Уставот на Република Македонија. Намерите на ВМРО-ДПМНЕ се да го блокира Собранието и да го кочи реформскиот процес со што работи против интересите на граѓаните и интересите на Република Македонија.