СДСМ: Власта да се откаже од поскапување на парното

Сподели

СДСМ бара ЕСМ да го повлече барањето и власта да се откаже од намерата за поскапување на парното. Поскапување на парното би било уште еден удар врз стандардот на граѓаните. Од друга страна е лошо и во однос на загадувањето на воздухот.

Власта треба да ја намали цената на парното за да ги стимулира граѓаните да се вратат и повеќе да се приклучат на парно.

Тоа ќе биде мерка којашто ќе влијае на намалување на загадувањето но и на намалување на цената на парното со вклучување на повеќе корисници.

 Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ