Uncategorized Вести Македонија Ударни вести

СДСМ: Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, ЕЛЕМ нема да се продава

Сподели:

 

“Ќе видиме, ќе смениме, ќе направиме… Дали ваквото големо „ЌЕ“ на Заев за што е поврзано со РЕК Битола и загадувањето, не се ништо друго туку купување време за најголемиот бонбона бизнис на Балканот вреден 2 милијарди евра: – продажба на најпрофиталбилниот монопол во Македонија, ЕЛЕМ. Тоа што вице-премиерот на Заев, Кочо Анѓушев сам на себе си додели тендер од 2,6 милиони евра, ќе ни изгледа како детска приказна споредено со она што може да се случи со „специјалниот“ ангажман на српскиот државјанин Алеклсандар Обрадовиќ кому експресно му дадоа и македонско државјанство.”

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова ќе значи: Неконтролирано поскапување на струјата, за чија цена ќе одлучува приватен странски сопственик. Неизвесна судбина на 4800 семејства на вработените. Ставање на целата енергетската стабилност и безбедност на државата во рацете на странец. Продажбата на ЕЛЕМ – значи продажба на РЕК, сосе термоелектраните и рудниците, со хотелот Молика, скијачката патека на Пелистер, па дури и на Копанки во пакет сосе готовиот проект на ЕЛЕМ за негова за реконструкција. Дали, ветувајќи чист воздух, филтри и отпепелување, за да добие на време, Зоран Заев им работи зад грбот на Битолчани и безобразно си поигрува со судбината и со лебот на илјадници вработени во РЕК, рече Шаклевски.

 

На оваа изјава од Шаклевски, СДСМ излезе со официјално соопштение кое ја демантира оваа лажна вест:

“Во страв од изборниот пораз, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секојдневно да шири лажни вести и да ја манипулира јавноста.

Лажна е веста дека ЕЛЕМ ќе биде приватизиран и тоа беше официјално соопштено и од раководството на претпријатието и од Владата. Обврската за издвојување на сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО, ќе се направи по пример на земјите од регионот, односно, различни институции од државата ќе бидат одговорни за ЕЛЕМ и МЕПСО посебно и нема да има никаква приватизација.

Граѓаните не веруваат во манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, а лажните вести што ги пласира опозициската партија нема да ја спаси од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе го казнат криминалното и расипничко владеење на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.”

Сподели: