Вести Македонија Ударни вести

Се повлекуваат таблите со името “Александар Македонски” на коридорот 10

Сподели:

ЈП Македонија пат на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на Автопатот “Александар Македонски” на коридорот 10, а кои согласно одлуката на Владата треба да бидат заменети со нови и кои ќе бидат со името “Пријателство”.

Од Јавното претпријатие информираат дека нарачаните деветнаесет нови табли ќе чинат 4.940.000 денари, пренесува МИА.

Постапката за преименување на аеродромот се чека од Владата.

-“Го следиме развојот на настаните. Но, кога ќе добиеме детални инструкции од Владата за извршување на Одлуката, ќе постапиме според нив. ”

 

Сподели: