Маричиќ: Преговорите со ЕУ се отворени!

Сподели
 
“Преговорите со ЕУ се отворени!” напиша заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на својот официјален фб профил, пред денешниот почеток на скрининг процесот.
 
 
 
 
“Со почетокот на скринигот навлегуваме подлабоко во процесот на реформи, кои вклучуваат имплементација на европски регулативи и придонесуваат за европеизација на општеството и европско функционирање на државата.
 
Преговорите ја прават и ја трансформираат државата на подобро. После 17 години чекање имаме историска шанса да обезбедиме европска иднина за граѓаните и Северна Македонија.
 
 
 
 
Имаме основа за да одиме со добро темпо напред. Затоа е клучно, македонската администрација и целото општество, се фокусира на овој процес за побрза интеграција во Унијата.
 
Најважно е сега максимално да се фокусирате на секое поглавје, секоја фаза почнувајќи од скринингот да ја искористиме и со максимална посветеност и оптимизам да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ”, истакна Маричиќ.