Спорт

Се распаѓа АБА лигата – По хрватските и словенските клубови го напуштаат јадранското друштво!

Сподели:

Клубовите од Хрватска размислуваат да ја напуштат АБА лигата и да се приклучат на Купот Алпа Адриа.

аба

Ова е уште едно регионално натпреварување на кое би настапиле клубови од Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Словачка и Словенија.

Купот Алпа Адриа е под јурисдикција на ФИБА, што значи дека хрватските клубови би се насочиле кон настапите во Лигата на шампионите на ФИБА и ФИБА Еврокупот.

Потенцијалното излегување на хрватските клубови од АБА лигата дефинитивно би ја затворило вратата за Евролигата и натпреварувањата под водство на таа организација.

АБА лигата веќе предизвика многу полемики оваа сезона.

Шампионот на АБА 2 лигата, екипата на Златибор мораше да игра „плеј оф“ против Борац од Чачак бидејќи се пополни бројот на клубови од Србија во АБА лигата.

Така, резултатот е ставен во втор план во АБА-лигата, а некои други работи се гледаат преку коефициентите и израмнувањето, со што се повеќе се губи смислата на резултатите.

Покрај клубовите од Хрватска, во АБА лигата не би се гледале и клубовите од Словенија, што значи дека регионалната лига би можела да го доживее својот крај во следната натпреварувачка сезона по повеќе од две децении….

А токму нашиот актуелен кошаркарски шампион по 4 години пауза конечно избори место во елитното АБА друштво!

The post Се распаѓа АБА лигата – По хрватските и словенските клубови го напуштаат јадранското друштво! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: