Вести Македонија

Се реализира граѓанската волја, ќе се формира новата Влада, ВМРО-ДПМНЕ да се огради од провокациите на Груевски!

Сподели:

Во периодот што следи особено е важно да се овозможи мирен трансфер на власта и формирање на нова реформска Влада.Тоа е врвен интерес на граѓаните и државата.Тоа е потребно како за евро-атлантските перспективи на државата, така и за сите граѓани, без разлика на нивната политича, етничка или каква било друга припадност.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се надминати и истрошени политичари кои се грижат само за своите криминални интереси, немаат што ново да им понудат на граѓаните и затоа лажат, користат манипулации, говор на омраза, поттикнуваат насилство.

Ниту ќе има штети по употребата на Македонскиот јазик, ниту пак е загрозена унитарноста на државата. Тоа е измислица на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, единствените неколкумина во државата кои имаат интерес да ги блокираат промените, во обид да ја избегнат одговорнсота за злоделата врз граѓаните

Цела Македонија ја чека новата Влада. Граѓаните ја знаат, ја читаат Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто носи живот за сите, правда, евро-атлантски перспективи.Парламентарното мнозинство ја презеде и ќе ја реализира обврската дадена пред граѓаните, да ја формира новата Влада и да ги реализира потребните реформи за овие цели.

Има писмо до Ѓорге Иванов дека е формирано новото парламентарно мнозинство, претседателот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш ќе ја реафирмира Програмата на новата Влада, по што ќе се пристапи кон формирањето нова Влада. Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните, а чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ мора сериозно да ја сфатат сопствената улога, да се оградат од криминалците во своите редови и нивните криминални платформи и партијата да се постави како конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи клучните реформи за граѓаните и државата.

Секој кој работи спротивно на државните интереси мора да биде свесен дека прави противуствано и тешко казниво кривично дело. За сите тие дела ќе има одговорност.
Македонија мора да оди и ќе оди напред! Упатуваме апел до сите конструктивно да се вклучат во демократските процеси што ќе донесат добар живот за сите.

Сподели: