Хамилтон е најбогатиот спортист во Велика Британија

Сподели

На најновата листа на најбогати спортисти во Велика Британија за 2017 година, која ја објави Sunday Times (Сандеј тајмс), на првата позиција се наоѓа Луис Хамилтон, возачот на формула 1, а по него следи Златан Ибрахимовиќ, фудбалер на Манчестер Јунајтед, јавува Anadolu Agency (AA).

Хамилтон е лидер исто како и минатата година со 131 милион фунти (околу 154,6 милиони евра), а Ибрахимовиќ се наоѓа на второто место, кој на трета позиција го помести својот соиграч од „црвените ѓаволи”, Вејн Руни. Богатството на шветскиот фудбалер е проценето на 110 милиони фунти (околу 130 милиони евра), додека трет е Вејн Руни со 93 милиони фунти (околу 109,8 милиони евра).

Интересно е фактот што на листата на 10 најбогати спортисти во Британија, петмина се од фудбалот, тројца играчи и двајца тренери.

Листата на 10 најбогати спортисти во Велика Британија ја сочинуваат:

1. Луис Хамилтон – 131 милион фунти (околу 154,6 милиони евра)

2. Златан Ибрахимовиќ – 110 милиони фунти (околу 130 милиони евра)

3. Вејн Руни – 93 милиони фунти (околу 109,8 милиони евра)

4. Џејсон Батон 86 (околу 101,5 милиони евра)

5. Рори Мекилрој 82 (околу 96,8 милиони евра),

6. Енди Мареј 77 (околу 90,9 милиони евра),

7. Жозе Мурињо 61 (околу 72 милиони евра),

8. Герет Бејл 54 (околу 63,7 милиони евра),

9. Луол Денг 50 (околу 59 милиони евра)

10. Жузеп Пеп Гвадиола 50 (околу 59 милиони евра).