Се што треба да знаете за ждрепката од Лигата на шампионите – Останаа најдобрите осум!

Сподели

Loading

Комплетирани се сите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Познато е и кои осум клубови го продолжуваат натпреварувањето и кој се уште е во конкуренција за престижниот пехар.

Трофејот кој ќе го бркаат екипите кои успеаја да ја минат првата пречка во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Станува збор за следните клубови: Реал Мадрид, Наполи, Манчестер Сити, Бенфика, Милан, Челзи, Интер и Баерн Минхен.

Ждрепките за четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се одржат утре петок 17 март во 12 часот во Нион, што значи дека топките ќе се извлекуваат двапати.

Тогаш ќе се знае кој со кого ќе игра до самиот крај. Финалето е закажано за 10 јуни во Истанбул (Турција).

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 11 и 12 април, реваншите се закажани за 18 и 19 април. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 9 и 10 мај, а реваншите на 16 и 17 мај.

Што се однесува до најважната информација поврзана со оваа ждрепка, најважна е дека нема ограничувања.

Значи клубови од истите земји можат да се сретнат. Исто така, можат да играат и екипи кои веќе беа ривали во групната фаза на натпреварувањето.

Титулата ја брани Реал Мадрид, кој минатата сезона во финалето го победи Ливерпул во Париз и ја освои 14-тата титула.

The post Се што треба да знаете за ждрепката од Лигата на шампионите – Останаа најдобрите осум! first appeared on .

Powered by WPeMatico