Се урна „боинг 727“ во Богота, еден патник го преживеа падот

Сподели

Во падот на товарниот авион „боинг 727“ во Колумбија, загинаа пет членови на екипажот, а едно лице е тешко повредено, соопшти колумбиската цивилна авијација.

„Пет членови на екипажот загинаа, а шестиот член е тешко повреден и веднаш е префрлен во најблиската болница“, наведе авијацијата.

Авионот кој полетал од местото Пуерто Карено кон Богота, се урнал неколку минути по полетувањето. Во авионот биле само членовите на екипажот.

Причината за несреќата сè уште не е позната.

meta.mk