Седница за кризната состојба и интерпелација на министерот Спасовски

Сподели

 

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 39. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата  и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена е од Зиадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими и Хусни Исмаили.

На седницата се и повеќе предлог-одлуки, како и предлог-закони за измени или дополнувања на постојни законски решенија. Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, двата во прво читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВУД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, по скратена постапка, Предлог-законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.