Сега и официјално – ,,Фараонот,, има нов клуб!

Сподели

Легендарниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкaо од денеска има нов клуб.

35 годишниот ветеран пред неколку дена го раскина договорот со турски Галатасарај, а веќе од денеска можеме да кажеме дека Фалкао има нов клуб.

Колумбиецот се враќа во Шпанската елита, а најавите се остварија, тој е нов член на шпанскиот тим од Мадрид, Рајо Ваљекано.

Фалкао ќе му биде соиграч на нашиот голман од репрезентацијата Столе Димитриевски кој го потврди трансферот на „Ел Тигре“.

„Фалкао е нов играч на Рајо Ваљекано. Добредојде во Ваљекас“, порачаа од мадридскиот тим.

Во Галатасарај Фалкао ги помина последните две сезони, каде на 34 настапи даде 19 голови. Инаку Фалкао се враќа во Мадрид по пауза од 10 години откако од 2011 до 2013 играше за Атлетико Мадрид.

The post Сега и официјално – ,,Фараонот,, има нов клуб! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico