СЕММ и ЗНМ бараат строго почитување на Кодексот во известувањето за Украина од медиумите

Сподели

 

Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари на Македонија, по почетокот на воените дејствија во Украина, ги повикуваат медиумите да информираат со максимална одговорност и професионалност, без да придонесуваат во ширењето шпекулации и невистини во јавноста.  

Од медиумите се очекува строго придржување кон Кодексот на новинарите, објективност и максимална проверка на изворите, а информациите што се пласираат на социјалните мрежи да се употребуваат со особена внимателност. 

Исто така медиумите во ниту еден случај не смеат да бидат злоупотребени за да се шири радикален и потпалувачки говор, воен триумфализам и говор на омраза. Особено да се внимава околу објавувањето на фогографии и снимки од повредени или загинати, имајќи предвид дека се работи за сензитивен материјал со вознемирувачка содржина, кој може да допре ранливи категории на граѓани и малолетни лица.  

Ги повикуваме граѓаните кои ќе забележат непрофесионално новинарско известување веднаш да реагираат до СЕММ со поднесување на претставка против медиумот на следниов линк: https://complaints.semm.mk/ “,се наведува во соопштението на ЗНМ и СЕММ.