Вести Изјави Македонија Ударни вести

Османи: Нашите дипломати и неколку граѓани во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција по повод посетата на неговиот српски колега Никола Селаковиќ, соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина.

 

 

„За жал, ситуацијата не е добра, особено во Киев. Амбасадорот и дипломатот, и двајца други граѓани, кои се во Амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во амбасадата. Не можат да отидат до нивните резиденции. Тие преспале во амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме. Имав контакти со мои колеги од регионот. Во Киев има околу 20-тина амбасадори од членки на ЕУ, кои исто така не можат да излезат. Киев е опколен, цела ноќ имало воздушни напади. Правиме ангажмани, која било земја која ќе обезбеди прва транспорт, да ги извадиме и нашите дипломати до Полска. Меѓутоа, тие се во комуникација со нашите граѓани во Украина. Иако вчера поголемиот дел го минале во скривница, даваат патни листови. Но, и тие кои добија патни листови, не можат да излезат“, соопшти Османи.

Министерот Османи рече дека никој не може да предвиди како ќе се одвива ситуацијата. Но, дека членки на ЕУ прават планови за бранови на бегалци. Според него, во моментов не би требало кај нас да има бран на бегалци оти сме малку подалеку од Украина.

Сподели: