Спорт

Серија А прави радикален потег – Ќе се игра плејоф за скудетото, но само во овој случај!

Сподели:

Фудбалскиот сојуз на Италија денеска одобри измени во форматот на натпреварувањето во Серија А, така што од сезоната 2022/23 ќе може да се игра плејоф за скудетото.

Претседателот, Габриеле Гравина, инсистираше на промена веќе некое време, а таа беше одобрена денеска, објавија италијанските медиуми.

Тоа значи дека плеј-оф натпреварите ќе го решаваат шампионот на Италија, доколку двете екипи имаат ист број бодови на крајот од сезоната.

Доколку нема победник по 90 минути нема да се играат продолженија, туку веднаш ќе се изведуваат пенали.

Ова е систем се користеше до пред неколку години, додека не почна да се гледа меѓусебниот резултат.

Кога станува збор за други позиции – борба за Европа или испаѓање – сепак предност ќе има клубот кој има подобар меѓусебен скор.

Скудетото беше доделено само еднаш во плејофот, кога Болоња го победи Интер со 2-0 во јуни 1964 година, што беше последна од седумте титули чиј тренер сега е Синиша Михајловиќ.

The post Серија А прави радикален потег – Ќе се игра плејоф за скудетото, но само во овој случај! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: