Сестрата и бабата на Кирацовски се повлекуваат од работните места

Сподели

По директната наредба на премиерот Зоран Заев, роднините на функционерите да си дадат отказ, генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски соопшти дека неговата сестра и баба ќе се повлечат од работните места.

„Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агeнција за времени вработувања. Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања. Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука“, информираше Кирацовски.