Вести Македонија Ударни вести

МЗ: Вчера се аплицирани 12.211 вакцини

Сподели:

 

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.
 
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и  30 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.
 
Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Сподели: