Шалтерот за издавање на државјанство ќе работи од 8 до 19 часот

Сподели:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради зголемениот број на барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08.00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

Дополнително, од МВР потсетуваат дека услугата за издавање на Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.

Сподели: