„Шарена револуција“: Празно возило на Брза помош два пати сврте да помине низ демонстрантите

Сподели

13467610_1202750096434388_107526292_o-770x470

Со провокации започнаа денешните блокади на сообраќајот на мостови од страна на „Шарена револуција“ На блокадата кај мостот Гоце Делчев два пати помина празно возило на Брза помош. Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото, пренесе порталот Стандард.
Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.

Демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги фоторепортерите да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

 

13467674_1202750163101048_2016565026_o13467674_1202750163101048_2016565026_o13453052_1202750139767717_673234132_o13453052_1202750139767717_673234132_o13460758_1202750126434385_2028178410_o13460758_1202750126434385_2028178410_o