Вести

Шефовите за одбрана на Велика Британија и САД дискутираат за безбедносните врски по Брексит

Сподели:

Велика Британија ќе ја продолжи клучната улога на Европската сцена и нивото на глобална безбедност, вели Пентагон

thumbs_b_c_3b094bf4a0188d33cfc58714579298ee

ВАШИНГТОН (АА) – Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави (САД) Ештон Картер, вчера му кажа на неговиот британски колега Мајкл Фалон, дека Велика Британија „ќе остане темел за безбедносната и надворешна политика на САД” .

„Секретарот Картер нагласи дека Велика Британија и САД секогаш ќе имаат посебен однос ”, рече портаролот на Пентагон, Питер Кук, преку телефонски повик кој се одржа во време на изборот на гласачите на Велика Британија за излез од ЕУ.

Картер вели дека Вашингтон ќе продолжи да соработува со Лондон со цел да ја загарантира безбедноста на двете земји како и Европскиот континент.

Освен економските и политички врски, одбрамбените врски меѓу Велика Британија и ЕУ по гласањето станаа непосредна загриженост.

За време на посетата на Картер во Брисел претходно овој месец, за министерскиот состанок на НАТО, тој наводно му рече на Фалон дека би сакал да ја види Велика Британија во рамките на ЕУ бидејќи нејзиното напуштање може да ја ослаби воената способност во Европа.

Но Кук ги минимизираше тие проблеми велејќи дека британската војска ќе остане ангажирана ширум светот.

„Британија ќе ја игра својата важна улога, не само во НАТО, туку и на Европската сцена и глобалното ниво исто така”, изјави Кук.

AA.COM.TR

Сподели: