Запленети 90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Сподели

 

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих.

Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење.

Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.