Вести Македонија Статуси Ударни вести

Шегобијни преписки помеѓу Груевски и Шилегов – народот сеир гледа

Сподели:

Експремиерот, азилантот Никола Груевски се јави на својот фб профил, овој пат како шегобиец и ги прозва премиерот Заев и градоначалникот Шилегов:

“Дали градоначалникот Петре пак ги помеша брзините па македонскиот комунист, учесник во НОБ и прв повереник (министер) за правосудство на федерална Македонија кој подоцна е затворен на Голи Оток, но и рехабилитиран во 1966г. и кој ја поддржувал идејата за обединување на Македонија во рамки на југословенската федерација или во состав на можна идна (во тоа време) Балканска федерација, го избриша од Македонската историја или пак е нешто друго, е нејасно, но јасно свативме дека “Петреке го менува и ќе го брише Петре”.
Овој денешниот Петре на кого пред некој месец му свиреше цел плоштад народ ќе го бришел командантот на Втората оперативна зона и раководител на Народноослободителната и антифашистичката борба во западниот дел на Македонија, кој бил и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и во октомври 1943 година бил еден од потписниците на Манифестот на главниот штаб. Пирузе бил член и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Петре Пирузе Мајски бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ на кое бил избран во неговиот Президиум. За разлика од Петре кој една нова улица не изгради во Скопје, историчарите запишале дека: “Петре Пирузе Мајски бил напреден народен трибун во секој поглед, кроток човек на кого можело да му се верува и насекаде привлекувал нови борци. Него го сакале сите, децата, младинците и старците и луѓето се радувале при секоја средба со него. Повеќе пати, во миговите на восхит и воодушевување, дури и го носеле на раце”.
Нашиот денешен Петре заедно со неговиот шеф Зоки не дај боже да им паднат на луѓето во раце во некоја темна уличка

 

 

И градоначалникот Петре Шилегов не му остана должен на експремиерот и азилант Никола Груевски, кој во пост на Фејсбук го прозва скопскиот градоначалник дека ќе го врати старото име на улицата „Мексичка“.

На ова Шилегов му одговори:

– Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците. Така што, сите улици ќе бидат осветлени …Ленинова на пример ? А да !!! И Мексичка. Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море …

 

Сподели: