Шекеринска го честиташе Денот на Армијата, 18 август

Сподели

 

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска со објава на Фејсбук го честиташе Денот на Армијата, 18 август.

“Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината. Чест ми е и гордост што годинава за првпат Денот на Армијата 18 Август го одбележуваме како Армија на земја членка на НАТО. Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана” – напиша министерката Шекеринска.

 

https://www.facebook.com/sekerinska/videos/305431727460105/