Вести Македонија Ударни вести

Шенол Ахмети камерман во МТВ, ја загуби битката со коронавирусот

Сподели:

 

Шенол Ахмети, камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот. Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е вториот медиумски работник вработен во МРТ 2, програма на албански јазик, кој е жртва на коронавирусот во Македонија. На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

„Вечева и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство“, велат од МРТ.

Сподели: