Телефонски линии на ДИК, Омбудсманот и на „Мост“ за пријавување изборни нерегуларности

Сподели

Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, за да им се помогне во остварувањето и во заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во канцеларијата во Скопје на 02/3129-327 и 02/3129-367, во Битола на 047/242-310, во Кичево на 045/228-586, во Куманово на 031/431-488, во Струмица на 034/329-996, во Тетово на 044/344-082 и во Штип на 032/389-701.

Народниот правобранител Иџет Мемети во соопштението до медиумите ја истакна важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Изборни нерегуларности граѓаните можат да пријават и до Државната изборна комисија на телефонскиот број 0800 555 44 и до граѓанската асоцијација „Мост“ преку бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.