Шест милиони денари за иновации на најдобрите основци и средношколци

Сподели

 

Денеска се потпишаа договорите за 34 проекти на основни и средни училишта, кои беа наградени во рамките на Програмата „Предизвик за млади истражувачи 2“, на ФИТР и на МОН.

На церемонијата се презентираа двата победнички проекти од учениците од првонаграденото основното училиште „Даме Груев“ од Битола и првонаграденото средно училиште „Ванчо Прке“ од Виница.

На церемонијата се обрати премиерот Заев, кој истакна дека Владата е посветена на поддршката на младите истражувачи, со цел да се остварат нивните идеи и да се реализираат нивните креативни решенија за  секојдневните проблеми и прашања со кои се соочуваме сите.

 

 

„Градејќи се себеси како лидери и остварувајќи ги своите соништа тука, дома, младите луѓе ја градат и економската иднина на нашата земја, Северна Македонија. Нам ни се потребни млади истражувачи и Ви благодарам почитувани професори и ментори што го препознавате и развивате нивниот креативен потенцијал“, додаде Заев.