Шилегов: Санирани штетите од невремето во Скопје. Мирна ноќ ти посакувам, граду мој !

Сподели

 

 

Силно невреме го погоди Скопје вчеравечер, по што низ улиците можеше да се видат откорнати дрва и фасади од згради.

 

 

Како што информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, санирани се штетите кои невремето ги предизвикало, а упати и благодарност до екипите кои работеле до раните утрински часови.

 

 

“Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје.

Се гордеам со Вас добри луѓе !!!” – напиша Петре Шилегов на совојот фб профил, кој беше заедно до раните утрински часови со екипите на Град Скопје, кои ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој дуваше со брзина од 70 километри на час.

 

 

 

Мирна ноќ ти посакувам, граду мој !!! – изјави градоначалникот Шилегов по отстранување на штетите предизвикани од невремето.

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3170005089890734/