Адеми на одбележување на годишнината од смртта на претседателот Трајковски: Претседателе, успеавме!

Сподели

 

Министерот во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, ја предводеше делегацијата на Владата – во која беа и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, на одбележувањето на годишнината на загинувањето на претседателот Борис Трајковски во Мостар.

Во своето обраќање на спомен обележјето во Ротимље, министерот Адеми се осврна на ликот и делот на претседателот Трајковски и неговото значење за поновата македонска политичка историја, со посебен фокус на неговата посветеност на евро-атлантската перспектива на државата и демократските вредности.

„Претседателе Трајковски, успеавме! Денес, вашата, мојата, нашата татковина е во НАТО. И тоа е заеднички успех на сите кои силно веруваа во про-атлантската амбиција. Во вистинскиот момент, вие бевте еден од најгласните поддржувачи на оваа амбиција“, истакна министерот Адеми.