Вести

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

Сподели:

Shtajnmaer

Европската Унија не смее да падне во „депресија и да биде парализирана“, по одлуката на Велика Британија за излегување од унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји-членки, основачи на ЕУ, во Берлин.

Тие на состанокот треба да разговараат околу забрзувањето на претстојниот процес за напуштање на Британија на унијата, а според најавите, шесте земји ќе дискутираат и околу тоа како да ги одвртат останатите членки да тргнат по стапките на Велика Британија.

 

Шесте земји кои учествуваат на состанокот во Берлин – Германија, Франција, Италија, Белгија, Луксембруг и Холандија првпат ги здружија силите во 1950-те години и сè уште го сочинуваат јадрото на ЕУ.

Првиот самит на лидерите на Европската Унија без Велика Британија ќе биде одржан в среда. Европската унија и порача на Британија да ги започне преговорите за напуштање на унијата што е можно поскоро.

Велика Британија сега мора да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор на ЕУ, кој предвидува период од две години за да се постигне договор за напуштање на унијата.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, вчера изјави дека тој сака преговорите за напуштање да почнат веднаш.

Британскиот премиер Дејвид Камерон по референдумот во четвртокот најави дека ќе си даде оставка во октомври, оваа година и дека има намера преговорите за излегување од ЕУ да му ги препушти на својот наследник.

http://meta.mk/shtajnmaer-eu-ne-smee-da-padne-vo-depresija-po-breksit/

Сподели: