Вести

Штајнмајер: Брексит ќе го загрози европскиот проект

Сподели:

Frank-Walter_Steinmeier_12

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија сериозно би го загрозил европскиот проект, изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер.

– Доколку Британците одлучат да излезат од ЕУ, тогаш ние не можеме следниот ден само да продолжиме да работиме како вообичаено, со едно членка помалку – вели Штајнмајер.

Тој смета дека ЕУ, во случај на Брексит, мора да спречи процес на дезинтеграција.

„Ние во Европа имаме заедничка одговорност да осигуриме да не дојде до пораст на национализмот во државите членки – рече германскиот министер.
Изјавата на Штајмајер доаѓа по апелот на германскиот министерот за финансии Волфганг Шојбле да се зајакне обединувањето на ЕУ, предупредувајќи дека ниту една земја во ЕУ нема да може да излезе на крај со предизвиците на 21 век.

http://meta.mk/shtajnmajer-breksit-ke-go-zagrozi-evropskiot-proekt/

Сподели: