Изгаснат пожарот во зградата на СЕП, МИА и Инспекторатот за животна средина

Сподели

 

Утрово во Скопје избувна пожар во зградата на стара Комерцијална банка, каде што сега се сместени повеќе државни институции, како Инспекторатот за животна средина, Секретаријатот за европски прашања како и  Информативна Агенција и МИА.

 

Во гасењето на пожарот интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

“Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе –  изјави Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Според првичните проценки на Симоновски, причина за пожарот е електричната инсталација.

Во пожарот нема повредени вработени од зградата.