Штајнмајер: Ќе правиме напори за смирување на состојбата во Македонија

Сподели

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер е загрижен поради состојбата во Македонија.

0,,19329572_303,00

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер денеска, пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, изјави дека со своите колеги ќе дискутира за состојбата во Македонија, која е загрижувачка:

„Состојбата во Македонија е загрижувачка. За тоа ќе дискутираме денеска. Се успеа во одлагање на најавениот термин за избори, но внатрешнополитичките судири во Македонија траат и натаму и ние и натаму, во рамките на нашите можности, европските можности, ќе мора да правиме напори за придонес за смирување на состојбата и за, колку што е можно, во Македонија да има фер предуслови за избори, кои би се одржале во термин кој би требало допрва да се договори“, изјави Штајнмајер во Луксембург.

Македонија е една од темите на денешната средба на шефовите на дипломатии на ЕУ. Попладнево се очекува за средбата на прес-конференција повеќе детали да даде Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

DW.COM