Вести Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава за судијката Поп-Стефанија

Сподели:

ljupco-nikolovski

СДСМ денеска поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп-Стефанија поради одлуката да го прогласи СЈО ненадлежно за случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување, информираше Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ.

Тој рече во име на владеењето на правото и на законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има.

– Поп-Стефанија е незаконски назначена во одделот за организиран криминал спротивно на одлуката на Судскиот совет таа да суди во одделот за прекршоци и спротивно на Законот за судовите и на правилникот за работа на судот. Поради неправилности и незаконитости на решението на Поп-Стефанија со кое го прогласи СЈО за ненадлежно, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 треба итно да го укине. Потсетуваме на обврската на Судскиот совет да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп-Стефанија што донесе решение спротивно на законот. Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, поради флагрантно кршење на прописите – изјави Николовски.

Николовски додаде дека овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и од законите.

http://meta.mk/sdsm-podnese-krivichna-prijava-za-sudijkata-pop-stefanija/

Сподели: