Што побараа странците за изборите и по нив?

Сподели

zborovi

Со одржувањето на изборите не значи дека завршува неопходниот реформски процес во Македонија, категорични се изјавите на претставниците на меѓународната заедница кои директно или индиректно беа вклучени во постигнувањето на Договорот од Пржино и неговиот продолжеток постигнат на 20 јули.

Главно се бара да се имплементираат и итните реформски процеси, СЈО да може непречено да продолжи со работа, сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, по изборите да се состави влада која ќе работи на клучните реформи и во интерес на сите граѓани, фер, инклузивни, а со тоа и веродостојни избори, како и истрајност и добра волја да се имплементираат обврските од Договорот од Пржино.

Еве, кој и што поточно поздрави, но и какви огради и пораки упати за денот по изборите.

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и соседска политика,:

Не се работи само за изборите, туку треба да се имплементираат и итните реформски процеси. Изборите се важни бидејќи тие може да бидат завршеток на одредена фаза, но со нив не се става крај на неопходниот реформски процес.

Франк Валтер Штајнмаер, шеф на германската дипломатија:

Мора да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот кој води до приближување на ЕУ. Притоа,останува важно Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа.

Федерика Могерини и Јоханес Хан, еврокомесари, заедничка изјава:

Ги повикуваме сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, да им овозможат на сите граѓани слободен избор и, по изборите, да се состави влада која ќе работи на клучните реформи и ќе работи во интерес на сите граѓани. Во иста насока, сите политички сили треба итно да ги засилат нивните напори за спроведување на остатокот од политичкиот договор.

Амбасада на Словачка, земја претседавач со ЕУ:

Фер, инклузивни, а со тоа и веродостојни избори се важен чекор за надминување на политичката криза.Истрајноста и добрата волја да се имплементираат обврските од Договорот од Пржино, вклучувајќи ги и итните реформи, се услов за враќањето на вашата земја на патот кон Брисел.

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл:

Веродостојни избори, зајакнување на владеењето на правото и имплементација на реформските приоритети.

meta.mk