На државната кардиохирургија во Скопје вградено првото механичко срце

Сподели

Пред неколку месеци, во специјалното интервју за нашиот портал д-р Сашко Јовев директор на државната кардиохирургија во Скопје, изнесувајќи ги своите идни проекти за развојот на македонската кардиологија, истакна дека негова животна цел е да изврши вградување на вештачко срце во Македонија.

Вчера, нашата јавност беше информирана дека д-р Јовев и неговиот хируршки тим успешно вградиле механичко срце кај пациент, кој што јавно се заблагодари за спасувањето на неговиот живот. Тој изјави дека се чувствува добро и дека очекува со новото срце да се врати во нормалниот живот.

По извршената операција директорот Јовев искажа задоволство што македонската кардиохирургија успешно држи чекор со најсовремените трендови во оваа област.

При неговиот денешен престој во Белград каде што доби највисоки признанија од своите српски колеги за овој исклучителен подвиг, д-р Јовев, изјави:

-“Ова е само прв, охрабрувачки чекор по кој што верувам дека со заеднички напори на сите македонски кардиолози ќе направиме нови пробиви во лекувањето и на најтешките срцеви болести.”