Силен земјотрес и низа потреси во Турција

Сподели:

Силен земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Турција.

Земјотресот бил почувствуван во Истанбул, Измир и Бурса, се случил на длабочина од 5.99 километри.

Само неколку минути по првиот потрес следеле серија потреси, од кои еден бил со јачина од 4.2 степени.

Сеуште не се знае точниот број на повредени и колкава е материјалната штета. Училиштата и градинките во таа област нема да работат.

фото јутјуб/скриншот

Сподели: