Силјановска Давкова: Уставните измени не се гаранција за брзо чекорење кон ЕУ

Сподели

“Македонија не е горда на она што се случува, ниту некој од нас е горд. Не сум сонувала дека може во 21 век наместо напред, да нè врати некој назад, да заборави на националните интереси и да ги заборави жртвите за Македонија. Ние не сме ја добиле Македонија на подарок, затоа треба да ја сочуваме!

Уставните измени не се гаранција за брзо чекорење кон ЕУ, ниту за почит, а уште помалку за самопочит. На 24 април и на 8 мај вие треба да вежбате демократија, тогаш покажувате кој треба да добие легитимитет, а кој треба да биде отстранет од политичката сцена бидејќи го изгубил легитимитетот.”

ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова