СЈ: Бараме итна судска разрешница за нападите врз новинарите

Сподели

 

На 16 февруари снимајќи репортажа од основното училиште „Наим Фрашери“ во гостиварско, едно лице вербално, а потоа и физички ги нападна новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути. Според новинарот Неври Адеми, Б.Е. прво почнал со вербални навреди и закани, а потоа го фатил новинарот за глава и го туркал по училишните скали. Адеми изјави: „ Напаѓачот слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Набрзина влеговме во автомобилот и се упативме кон полициската станица да го пријавиме нападот, а напаѓачот цело време не следеше со својот автомобил до гостиварското село Неготино“. Полицијата за овој случај брзо реагираше и го привела насилникот.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија, изјави дека ова е еден од најсериозните напади што ЗНМ ги забележал во последно време и задолжително бараме брзо затворање на случајот. „Ваквите агресивни напади врз новинарски екипи треба веднаш да бидат санкционирани од страна на правосудните органи во обид да се спречат идни слични ситуации во кои може да бидат повредени новинари и сниматели“, истакна Секуловски.

Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се солидаризира со колегите од Северна Македонија и остро го осудува овој напад. Го поздравуваме фактот што властите реагираа брзо и очекуваме целосна транспарентност од надлежните за овој случај. Се надеваме дека надлежните ќе ја спроведат целата процедура брзо и соодветно ќе го казнат подготвувачот.

Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 17.02.2022

 Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружението на новинари на БиХ

Здружението на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора.