СЈО: Опрема за УБК била преплатена преку „Финзи“ на Крпач

Сподели

sjo14

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за груба злоупотреба на средствата од буџетот на Реублика Македонија.

– Од доказите прибавени за овој предмет, тие средства преку оштетување на буџетот биле искористени за лична корист и за богатење. Во овој момент истрагата се одвива за основано сомневање за три лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за едно лице вработено во Министерството за внатрешни работи, кои работеле во корист на едно правно лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Се сомневаме дека со оваа злоупотреба е направена штета од 863.045 евра на буџетот на Република Македонија. Од јули 2010 година до крајот на 2012 година, првите три осомничени лица ја искористиле службената положба и набавиле опрема за потребите на УБК, преку формата „Финзи“ – рече Фетаи.

Управител на „Финзи“ беше сега починатиот Коста Крпач, кој пред неколку месеци во сомнителни услови изврши самоубиство.

Ова е прв предмет од економскиот криминал кој е произлезен од прислушуваните материјали.

meta.mk