Во „Галерија МЦ“ (Gallery MC) во Њујорк е отворена самостојната изложба „Заробен во мрежите/Trapped in the Nets“ на македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес, што ќе биде поставена до 10 ноември. Изложбата опфаќа големоформатни слики на синтетичко платно, како и дела изработени на алуминиум со смола и мрежа.

Инспириран од водите на Охридското Езеро, Блажес преку слоеви, текстури и различни материјали ги истражува перцепцијата и спознанието. Уметникот е роден во Охрид, а зад себе има самостојни изложби во Париз, Венеција, Грац, Букурешт, Скопје и во Охрид.


