Вести Македонија

СЈО ПОДГОТВУВА ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРЕДМЕТ ДОСЕГА НЕПРЕЗЕНТИРАН ВО ЈАВНОСТА

Сподели:

janeva

По речиси една година откако Катица Јанева беше избрана за специјален јавен обвинител, период што го одбележаа препреки и притисоци, во СЈО се подготвува првото обвинение против неколку лица, дознава БИРН.

Според неофицијалните информации, станува збор за предмет кој досега не бил презентиран во јавноста, а обвинението се носи по скратена постапка, бидејќи станува збор за дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години.

Обвинението се очекува да биде поднесено во текот на наредната недела. Можно е да станува збор за предмет поврзан со прислушувањето и со уништување службени документи.

Од СЈО не коментираат дали и кога ќе биде поднесено првото обвинение од постоењето на оваа институција.

Сподели: