ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидати за градоначалници на локалните избори во 2017 година

Сподели

povik-za-kandidati-na-gradonacalnici-vmro-dpmne

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и со закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин, кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според повикот, кој е објавен со одлука на извршниот комитет на партијата од 24 август оваа година, заинтересираните кандидати потребно е да поседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат.

„За поднесување кандидатура не се потребни потписи, туку доставување стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страници, детална програма за работа на општината на не повеќе од пет страници со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна апликација“, стои во повикот.

По поднесувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште, а разговорите со нив ќе ги води специјална комисија која ќе биде формирана за таа цел.

Според повикот, сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани во „зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и од визијата за иднината“. Во повикот стои дека ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и апликацијата на секој кандидат.

povik za kandidati za gradonacalnici na vmro dpmne

meta.mk