СЈО со нов извештај за сработеното

Сподели

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го објави извештајот за работата во последните шест месеци. Извештајот во текот на денот треба да му биде предаден на претседателот на Собранието Талат Џафери и до претседателот на Советот на јавни обвинители, по што треба да биде закажана и собраниска седница.

Понатаму се очекува и Талат Џафери да закаже собраниска седница за Јанева да го презентира пред пратеници.

Мандатот од 18 месеци на СЈО за покренување обвиненија заврши, но според законот тие имаат пет години за спроведување истраги.