СЈО: Уште 17 лица се опфатени со „Титаник“

Сподели

Специјалната јавна обвинителка Катица Јаневана денешната прес конференција на која ја најави новата истрага под името “Труст“, ја информираше и јавноста за проширување на предметот “Титаник“ за уште 17 лица – функционери во власта и вработени лица во повеќе државни органи.

sjo

-Првиот предмет “Титаник“  во оваа фаза е проширен за 17 лица и за повеќе кривични дела, има и финасиски импликации. По преслушувањето на материјалите видовме дека има повеќе лица кои се инволвирани во овие кривични дела, а се утврди дека 17 лица делувале како организатори и се функционери на власта. Основаното сомневање призлегува од поголем дел материјални докази, рече Јанева.

Јанева најави дека СЈО ќе покрене постапки за сите кои ја отежнуваат и бојкотираат работатата на обвинителството.

-Одредени функционери не ја почитуваат институцијата и законот и затоа ќе се спротивсавиме за непочитувањето. Нашиот пристап секогаш бил професионален, па иако сакаме да спроведеме професионална соработка, тоа со некои не се случи, рече таа.