Вести Македонија Топ теми Ударни вести

СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ШАМПИОНИТЕ

Сподели:

 

 

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК „Вардар“. Неколку часа плоштадот пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.

 

 

Пречекот на ракометарите на „Вардар“ почна на Меѓународниот аеродром Скопје каде што слета авионот од Келн. Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Потоа, тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.

 

 

По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда за ракометарите во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа „Вардар“. Покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК „Вардар“ до Скопје.

 

 

 

Сподели: