Вести Македонија

Скопје смог аларм: Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари

Сподели:

Уште во февруари Скопје ги надмина годишните ЕУ стандарди за загадување на воздухот, алармираат од Скопје смог аларм. Според нив ова е срамен потсетник за еколошката и здравствената катастрофа која ја преживуваат граѓаните на Скопје.

Напоменуваат дека во Европската Унија, лимитот за концентрации на ПМ10 честички впросечени во 24 часа е 50 µg/m3.  Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година. Но, на 20 февруари 2017, овие ЕУ стандарди биле надминати на сите мерни станици во Скопје.

Тие објавија и табела со вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во денови),  на секое мерно место во Скопје за тековната 2017та година, користејќи ги податоците од Министерството за животна средина и Европската комисија.

Станица Вкупен број надминувања (до 20.02.2017)1 Дозволен број на надминувања годишно2
Центар 41 35
Карпош 40 35
Лисиче 45 35
Гази Баба 45 35
Ректорат (УКИМ) 46 35
Миладиновци (Општина Илинден) 42 35

„Потсетуваме дека Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1,350 граѓани, што значи дека секоја година ни се случува таканаречен екоцид. Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија.  Апелираме до граѓаните да користат јавен превоз, велосипед или да споделуваат превоз (3-4 луѓе во кола)“, стои во соопштението на Скопје смог аларм.

radiomof.mk

Сподели: