Сликата за Македонија на граѓаните визионери – Кица КОЛБЕ

Сподели

Сите зборуваат за „бојкотирачите“. Јас, пак, сакам да зборувам за визионерите. За македонските граѓани со јасна политичка и културна визија. Таа на граѓаните кои на Референдумоит гласаа за Договорот со Грција, за европската демократија и за културата на живеење во дваесет и првиот век. Таа визија е спротивна на македонскиот политички кич, заробен во античкото минато –  тоа пред постоењето на модерната  демократија. Кај Македонците денес се непомирливо спротивставени овие две слики. Која Македонија победи на Референдумот? Таа на визионерите или таа на реакционерите?

Македонците, очигледно, уште не можат да постојат без парадоксот. Само тие можат од сѐ да направат нерешлив Гордиев јазол. Го создаде безличната маса од македонски граѓани. Таа го саботираше Референдумот. Наспроти храброста на шестотини и десет илјади граѓани кои гласаа со ЗА. Нивниот глас е легитимиран со потпис на слободен граѓанин. Во земјата, во која повеќе од десет години владеееше стравот, шестотини и десет илјади граѓани беа храбри да излезат на Референдумот. И да гласаат за промена на државното име. Тоа е храбра одлука. За неа е неопходна визија за иднината. Според мене, само таа обврзува. Иако, Референдумот не донесе одлука. Секако, тој не беше обврзувачки. Тој е показател за волјата на народот. А народот македонски е во расцеп. За да се определи неговата волја, треба да се знае колкав е бројот на гласачите. Тоа се знае во сите нормални земји. Македонија не е нормална земја. Во неа не е познат ниту актуелниот број на гласачи.

Тогаш, чија слика за Македонија треба да се следи во иднина? Јасната слика за Македонија како модерна европска држава на сите македонски граѓани, која, според Договорот од Преспа, би се викала Република Северна Македонија? Или таа за „вечна Македонија“, заробена во националистичката идеологија од деветнаесеттиот век? Таа на новите екстремни македонски десничари, кои, во душата, сѐ уште комунисти, притоа се восхитуваат на стариот фашизам, а се поклонуваат на империјализмот на Путин? Или таа на  болшевистичката идеологија на македонската Левица, застаната во времето на Че Гевара и Троцки? Таа на Македонците кои сонуваат за античката империја, а живеат во најбедната земја во Европа? Таа на политичарите на ВМРО, кои комунзцираат со мобилен, а се колнат врз ножеви и револвери? Таа на  одмаздољубивите партиски воини-патриоти, кои преку симболот на модерноста, интернетот, им испраќаат закани на „предавниците“? Таа на македонските псевдо-интелектуалки, кои симболот на модерната граѓанска еманципација – правото на глас – го заменија со варење ајвар? Таа реакционерна мешавина, според мене, не е демократска. Таа е погубна за македонското општество.

Колумната на Кица Колбе, во целост прочитајте ја тука