Вести Македонија

Случај ТЕНК: Груевски доцнел на настаните затоа што се возел со расипани и стари волзила

Сподели:

Поранешен член на обезбедувањето на Никола Груевски денеска сведочеше дека обвинетиот поранешен премиер се возел со старо блиндирано возило кое не сака да запали кога сакаш, со расипани кочници, прозорци и други делови и затоа често доцнел на настаните, пред високи државници, амбасадори, новинари и граѓани, пренесе СДК.

Вака преку сведочењето на судењето за предметот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, тој го правдаше Груевски и за постојаните доцнења додека беше на функцијата. Груевски, поради дефектите на старите функционерски мерцедеси, рече сведокот, често пати тргнуваше со едно возило, а потоа до дестинацијата мораше да се префрли во друго.

Ова, пак, е поврзано со прислушуваниот разговор, доказ на СЈО, во кој Груевски и кажува на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека до локалните избори тој ќе се вози тајно во мерцедесот од 560.000 евра со масажери и телевизорчиња, а кај што ќе го чекаат граѓани и новинари, ќе се префрла во друго возило.

По локалните, рече тој во бомбите, „ќе објавиме дека сме го презеле од МВР“. Сведокот рече дека блиндираниот мерцедес го користеле сите странски делегации. Иако, основата на кривичното дело, според СЈО, е кршење на Законот за јавни набавки, за тендерот да го добие една фирма од Скопје, одбраната на Груевски и на Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за јавни набавки, предложи за денеска да бидат сослушани 11 сведоци. Сите работат како обезбедување во МВР.

Сподели: